Најновите пресметки на природно имунизирано население со прележување на болеста или пак со примање дози е некаде околу 70 проценти. Мерките никој не ги почитува тргнувајќи од политичарите и од позицијата и опозицијата, па се до поединците. Видовме што се случуваше на митинзитe, кажа проф. d-р Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Тој вели дека државата не води сметка и не ги слуша медицинските препораки, па затоа заштитата од болеста сега останува само на свеста на секој поединец.

Имаме почеток на раст на бројот на заболени лица, прашање на денови е кога ќе се соочиме со бројка од над 1.000 заболени денови тоа не ни бега ако не се превземе нешто позначајно, вели Даниловски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.