Цунамито за жал немилосрдно се доближува, пишува на својот Фејсбук профил д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за Токсикологија, правејќи споредба на процентот на вакцинираност и број на заболени во земјава во споредба со Хрватска и Словенија,.

Словенија >4500 новозаразени, 87% невакцинирани !!!!
Хрватска >6800 новозаразени 84% невакцинирани !!!!Цунамито за жал немилосрдно се доближува. Бројот на вакцинирани во Словенија и Хрватска е околу 50%, кај нас САМО 38%. Словенечкиот здравствен фонд е 11 пати, а хрватскиот 7 пати побогат од македонскиот. Колку пари, толку и музика.Анти ковид вакцините за жал се далеку од совршено оружје, во борбата со вирусот, ама за уште поголема жал, се уште се единственото оружје.Размислете и одлучите денес, утре може да е предоцна !!!, напиша Беќаровски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.