Ајде барем во нешто да бидеме ЛИДЕРИ во Европа.Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на Омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија !!!, предлага д-р Нико Беќаровски.

-Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на КОВИД СЕРТИФИКАТОТ во дадениов момент ???Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат.Да 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати. Место тражење на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура.Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе Ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност, пишува на ФБ, д-р Беќаровски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.