Душан Влаховиќ со денешните два гола против Салернитана стана само третиот играч во последните 60 години во Серија А што постигнал барем 30 голови во една календарска година.

Србинот сега има вкупно 32 гола, два повеќе од Лука Тони, кој до оваа бројка дојде во 2005 година, а сега му недостига само еден погодок да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо од 2020 година.

До крајот на оваа година Фиорентина ќе одигра уште два натпревари во калчото против Сасуоло и Верона, па Влаховиќ може да го урне рекордот на Роналдо и да постави нов.