Кевин Дурент нема да учествува на натпреварот „Ол Стар 2022“. Кошаркарот на Бруклин Нетс беше кошаркарот со најмногу гласови во тимот на Источната Конференција на НБА. Тој беше избран и за капитен, а мораше да се соочи со најгласаниот кошаркар од Западната Конференција, Леброн Џејмс.

Сепак, Кевин Дурент ќе го пропушти овој натпревар поради повреда и наместо него ќе биде ангажиран Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс. Тејтум оваа сезона има просек од 25,6 поени и 8,5 скока по натпревар.

Прикажи повеќе