Футсал репрезентациите на Русија и на Украина ќе се соочат во првото полуфинале на ЕУРО 2022 во Холандија.

Соочувањето на Русија и Украина доаѓа во време кога односите меѓу овие две соседски земји се повеќе од заострени.

Во второто полуфинале на ЕУРО денеска ќе играат Португалија и Шпанија, актуелниот првак и седумкратниот континентален шампион.