Во тек се завршните подготовки за Државното првенство во планинско трчање, кое претстојниот викенд ќе се одржи во Националниот парк Пелистер.

Организатори на натпреварувањето, кое ќе се одвива во поединечна и екипна конкуренција, се Атлетската федерација и Здружението БОФ Битола.

Стартот на државното првенство во планинско трчање е закажан за в сабота во 11 часот пред Хотел „Молика“. (МИА)