Научниците пронајдоа град на древните Маи на дното на езерото во Гватемала, кое веројатно датира околу петтиот век од нашата ера.

Градот, како и остатоци од церемонијални центри, куќи и други градби, го пронашле група научници од различни земји на длабочина од 12 до 20 метри под вода во Атитлан, најголемото езеро во Гватемала, пренесоа мексиканските медиуми.

Со текот на времето, градот се нашол под вода, веројатно поради тектонска активност, бидејќи зафаќа област со вулканско потекло на надморска височина од над 1.500 метри.

Археолозите од Аргентина, Белгија, Гватемала, Шпанија, Мексико и Франција спроведоа подводни истражувања и дојдоа до заклучок дека вкупната површина на населбата може да достигне 60.000 квадратни метри.

Се очекува во иднина да се појави музеј во регионот Атитлан, каде ќе биде претставен дигитален модел на античкиот град, пренесува Енаука повикувајќи се на агенцијата ТАСС.

Цивилизацијата на Маите го достигнала својот врв во периодот од 300 до 900 година од нашата ера, а пропаднала кога Европејците ја откриле Америка.

Градовите на оваа древна цивилизација се наоѓале на територијата на денешните земји Белизе, Хондурас, Гватемала, Мексико, Ел Салвадор.

На почетокот на февруари 2018 година, стана познато дека употребата на ласерски радари им помогна на научниците да пронајдат околу 60.000 згради на Маите скриени во џунглите на северна Гватемала. Според прелиминарните проценки, во тие градови би можеле да живеат околу 10 милиони луѓе.