Далас Маверикс низата од четири порази ја прекинаа во Индијанаполис. Мевс славеа над Индијана со 124:107. Лука Дончиќ го предводеше Далас со 25 поени (8-17 од поле), седум скока и шест асистенции, а Кајри Ирвинг постигна 16 поени (7-11 од поле).

Advertisements

Бенедикт Матурин постигна 26 поени (9-19 од поле) за ослабената Индијана која настапи без најдобрите играчи Халибартон, Тарнер и Хилд.

Денвер со Јокиќ ја победи Филаделфија без Џоел Ембид со 116:111. Денвер имаа предност од 20 поени во последната четвртина, гостите на 13 секунди до крајот дојдоа до 114:111, а точка на мечот стави Џеф Грин од линијата за слободни фрлања.

Јокиќ го предводеше Денвер со трипл-дабл од 29 поени, 17 скока и 12 асистенции. За актуелниот МВП ова беше 29. трипл-дабл во сезоната и 105. во кариерата.

Во отсуство на Ембид, Филаделфија ја предводеше Tајрис Мекси со 29 поени. Ембид не играше поради повреда на листот. Интересно од 2019 година, Ембид нема настап во арената на Денвер.

Резултати:

Детроит – Милвоки 117:126
Индијана – Далас 104:127
Њујорк – Хјустон 137:115
Јута – Феникс 103:117
Денвер – Филаделфија 116:111
Портланд – Њу Орлеанс 90:124
Сакраменто – Минесота 115:119
ЛА Клиперс – Чикаго 124:112