Епидемијата на корона вирус која го зафати светот трета година по ред, предизвика голем број луѓе кои биле заразени со Ковид-19, да страдаат и од згрутчување на крвта. Сепак, во заклучокот на научен труд од Шкотска, се вели дека доматите може да бидат одлично средство за спречување на ова заболување, затоа што помагаат да се разреди крвта и со тоа, да се намали можноста од тромбоза.

Истражувачите спровеле експеримент со 200 доброволци. Според резултатите, секојдневното јадење домати ја разредува крвта и до 70 отсто. Последиците се регистрирани кај 97 отсто од учесниците. Испитувачите го поврзуваат тоа со присуството на антитромботичните елементи во овој зеленчук – флавоноидите.

Покрај тоа, високата содржина на ликопен во доматот ги одржува клетките здрави. Се препорачува доматите да се јадат и свежи, но и приготвени.

По две минути варење или печење, количината на корисен ликопен се зголемува. Најголемата количина во доматната пулпа е до 1500 милиграми на килограм – објаснува нутриционистката Оксана Видра.

Доматите исто така спречуваат кардиоваскуларни болести, помагаат во борбата против воспаленијата и го подобруваат здравјето на очите поради големата количина на витаминот А.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.