а Анжелик Кеце, докторка која го откри сојот омикрон на коронавирусот и ги лекуваше првите пациенти заразени со овој сој, даде интервју за германскиот магазин „Велт“ во кое кажа досега непознати детали за притисокот на кој била изложена по нејзиното откритие.

Таа тврди дека „никој во Европа не сакал да слушне дека омикрон е поблага варијанта на корона“, и дека била под притисок од неколку влади да не зборува за тоа така.

– Ми рекоа да не зборувам јавно дека омикрон предизвикува лесна форма на болеста. Од мене беше побарано да се воздржам од такви изјави и да кажам дека се работи за сериозна болест. Одбив, изјави таа за Велт.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.