Семејството на тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие е под заштита на телохранители откако доби огромен број на закани по неговиот живот по објавувањето на обвинувањата за скандалозно расистичко однесување минатата сезона додека беше тренер на Ница.

Advertisements

Адвокатот на Галтие, Оливие Мартин, преку соопштение „целосно го демантираше“ објавеното и најави тужба против новинарот Роман Молина кој ги објави вестите. Во објавеното се тврдеше дека Галтие велел дека има „премногу црни и муслимански“ играчи во Ница, барал од своите муслимански играчи да не го почитуваат Рамадан и одбил да донесе засилување поради религијата на фудбалерот.

Според Молина, ова е објавено во електронска порака од спортскиот директор на Ница, Жулиен Фурние, кој не бил во најдобри односи со Галтие. Сепак, самиот Фурние го демантира ова велејќи дека „тајмингот на овие вести ме разбеснува исто колку и содржината“. Француските медиуми објавија дека Галтие добил над 5.000 пораки и телефонски повици, од кои дел му се заканувале на неговиот живот, по што биле ангажирани телоранители.

Во ПСЖ пак сметаат дека овие обвинувања излегуваат во јавноста поради притисокот кој го чувствува Галтие по слабата сезона во која беа елиминирани во Лигата на шампионите и водството на табелата е „стопено“ на само шест поени по два домашни порази.

Прикажи повеќе