Доаѓа нов ковид-бран во Македонија, а зголемените бројки на новозаразени се само почеток на есенско-зимскиот бран, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за ТВ24.

Според него, поради непочитување на здравствените мерки и протоколи на кампањите може дополнително да се зголеми бројката на заразени.

– Доаѓа нов бран во Македонија. Она што се случува со соседните земји ние веќе го поминавме. Ние малку побрзавме во тој летно-есенски бран. Ова сега што се случува е почеток на есенско-зимски бран. Нивото на имунитет на нашето население мислам дека е над 60, а можеби и 70 отсто. Со заладување на времето сите средби се внатре на затворено. Во предизборнита кампања никој не почитуваше мерки. Сето тоа дополнитело резултира со почеток на нови заболени. Овој експоненцијален раст подразбира постепено забрзување на бројките и тенденција за удвојување на бројките. Во таква една извесност во која сме, мене ми е нејасно зошто при таква закана, наместо да останат или да се устрожнат мерките, нашиве власти ги реалксираат мерките. Во однос на вакциналните сертификати, сметам дека наместо пасоши за вакцинирани, потребни се пасоши за имуност – вели Даниловски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.