Анхел Ди Марија е еден од ретките фудбалери кој имал можност да биде соиграч со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Со Меси ја освои светската титула во 2022 година, со Роналдо во 2014 го крена пехарот во Лигата на шампионите.

Ди Марија ја коментираше неодамнешната изјава на Роналдо кој рече: „дека е најдобриот во историјата на фудбалот и точка“.

„Не сум изненаден, бевме соиграчи четири години“, рече Ди Марија во интервју за „Инфобае“, кој вели дека никој не е подобар од Лионел Меси.

„Отсекогаш било така. Секогаш ги даваше тие изјави, секогаш се трудеше да биде најдобар, но за жал, се роди во погрешно време, во навистина лош момент, бидејќи во исто време се роди уште еден кого го допре волшебното стапче“.

Ди Марија го поткрепува својот став со бројки.

„Едниот има осум Златни топки, другиот пет, тоа е голема разлика. Да се биде светски првак е уште една голема разлика, да се има два трофеи на Копа Америка… Има многу разлики меѓу двајцата, многу. И кога го гледате (Меси) на натпреварите, гледате дека секоја минута од натпреварот ја игра како да се наоѓа во својот двор. И тој тоа го прави 18-20 години“.

Крилниот напаѓач на Бенфика поентираше на крајот.

„Сите велат: „Но, веќе знаеш што ќе направи“. Па, тогаш обидете се да го задржите и тој дефинитивно ќе го направи она што го замислил. И кога ќе наполни 40 години, тој сè уште ќе биде тики-така, тики-така, секогаш било така. Точно, и Кристијано е таков. Секогаш даваше такви изјави, секогаш. За мене Лео е најдобар во светот и најдобар во историјата, без сомнение“, заклучи Ди Марија.

Текстот Ди Марија: Роналдо не е најдобриот во историјата, роден е во погрешно време, има еден со осум златни топки и светска титула е превземен од МАКФАКС.