НБА го прогласи бекот на Сакраменто Кингс, Диерон Фокс за најдобар играч во неизвесните завршници. НБА ова година прв пат ја додели наградата наречена „Џери Вест“. Фокс ја освои откако ги победи конкурентите Џими Батлер од Мајами Хит и Демар Дерозен од Чикаго Булс.

Advertisements

Оваа сезона Фокс е прв во лигата по бројот на популарни „клач“ поени. Сите ситуации кога разликата помеѓу две екипи е пет поени или помалку во последните пет минути од натпреварот. Фокс оваа сезона во вакви ситуации постигна вкупно 194 кошеви, а три пати во текот на сезоната го постигна победничкиот кош во последните секунди од натпреварите.

Во тие моменти Фокс процент од 52,9 кошеви од игра, а прв е по бројот на постигнати кошеви во последните четвртини. Со 25 поени, 6,1 асистенции и 4,2 скока, Фокс ги предводеше Кралевите до третото место во Западната конференција и првиот настап на клубот во плејофот по 16 години

Прикажи повеќе