Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа зборуваше за неговата работа под водство на главниот тренер на тимот Ралф Рангник.

– Секој тренинг на Манчестер јунајтед под водство на Рангник е интензивен. Играчите мора да го дадат својот максимум и на натпреварите и на тренинзите. Ова е само почетокот. Да видиме што ќе биде следно. Тренираме енергично со големо темпо. Сега треба да го демонстрираме ова на големи натпревари, изјави Де Хеа за клупскиот сајт.

По 16 првенствени натпревари во англиската Премиер лига, Манчестер јунајтед има 27 бода и се наоѓа на шестото место на табелата.