Селекторот на Франција, Дидие Дешам го пофали напаѓачот Карим Бензема, по победата над Шпанија во финалето на Лигата на нации (2:1).

– Карим е клучен играч, тоа го докажа на последните два натпревара. Многу сум среќен за целиот тим и за него. Тој е неверојатно ефикасен. Не е истиот играч како во 2015 година. Забележливо е созреал многу како личност. Овој трофеј од Лигата на нации не е најважната титула, но, за него беше важно да го освои, рече Дешамп.

Бензема во јуни годинава се врати во француската репрезентација по пауза од шест години поради скандалот со Валбуена.

Фудбалерот на Реал Мадрид вчеравечер во финлето на Лигата на нации против Шпанија беше стрелец на изедначувачкиот гол.