Денеска од 14 часот на стадионот на Чаир, закажано е дербито од 11.коло во ПМФЛ помеѓу Шкупи и Ренова.

Две екипи кои досега во тековната првенствена сезона покажаа најмногу.Токму затоа се и на првите две места на прволигашката табела.

Чаричани имаат шест победи во серија, од кои четири во првенството. Последен пат загубиле пред точно два месеци во Струга. На Ренова одлично и оди во шампионатот, но затоа во средата во купот доживеа дебакл од Шкендија, и тоа со 0:5.

Утре се играат сите преостанати мечеви од ова 11.коло. Се среќаваат Македонија ЃП – Струга ТЛ, Пелистер – Брегалница, Скопје – Тиквеш, Шкендија – Работнички, Борец – Академија Пандев, сите од 14 часот.