Св. Јован Милостивиот роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин.

Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца. Но, семејниот живот не му пречел непрестано да напредува во доблесниот живот.

Кога му умреле жената и децата, бил избран за патријарх во Александрија. Ја управувал оваа Црква десет години.

Од сите доблести, посебно го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив. Се успокоил на Кипар, во своето родно место, во 620 година.

Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград, па дури во Будимпешта, и најпосле во Пресбург.