Зборот маченик доаѓа од грчкиот мартис, што во превод значи сведок. Значи, македонскиот јазик става акцент на страдањето за Христа, кое е симбол за влезот во новиот живот.

Во својата суштина исто значење има и грчкиот мартис, само што се става акцент на проповедта, т.е. сведочењето за Христа со личниот пример на мачениците.

Таков сведок беше и светиот Еротеј, инаку другар на Дионисиј Ареопагит, кој исто како и Дионисиј ја прими верата во Христа од апостол Павле и, исто како и Дионисиј, стана атински епископ. После Дионисиј и Еротеј, Христовата вера фати длабоки корени во Атина.

Овој маж го заврши плодниот живот со маченичка смрт.