Старозаветен пророк. Живеел во седмиот век пред Христа.

И тој, како и повеќето старозаветни пророци, со возбудувал во духот гледајќи ја нечесноста на еврејскиот народ.

Ги прорекол бедите што подоцна паднале врз Јудеја и соседните земји, но и се радувал со духот гледајќи го идното ослободување во Христа, и во својата книга извикува: Радувај се, ќерко Сионова, ликувај Израиле, весели се и радувај се од се срце, ќерко ерусалимска.

Господ, Царот Израилев, е среде тебе: нема повеќе да видиш зло.