Нова вечер, нова блескава партија на Никола Јокиќ и трипл-дабл, како и – она што е најважно – нова победа на Денвер Нагетс, шеста сезонава, со три порази.
Во победата над Мајами Хит 135:122, Јокиќ забележа 30 поени (11-13 од поле), 11 скока, 14 асистенции, со 2 украдени топки и 5 загубени топки.
Ова е петти трипл-дабл за Јокиќ сезонава, а 135-ти во кариерата, три зад Меџик Џонсон на третото место на вечната листа.
Џамал Мареј се врати на паркетот по пауза од три натпревари и постигна 28 поени (6 поени), додека Кристијан Браун и Мајкл Портер Јуниор постигнаа по 21 поен.
Тајлер Хиро беше најдобар кај Хит со 24 поени, Данкан Робинсон и Бем Адебајо постигнаа по 20 (9ск, 4аст), а Џими Батлер го истегна зглобот и мина само седум минути на теренот.
Текстот Денвер подобар од Мајами, Јокиќ трет трипл дабл во низа е превземен од МАКФАКС.