Кошаркарите на Денвер Нагетс се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА плеј-офот. Избраниците на Мајк Мелоун ги совладаа Феникс Санс со убедливи 125:100 како гости во „Футпринт центар“ во Феникс и 4-2 се пласираа во следната рунда.

Уште една фантастична партија во редовите на тимот од Колорадо пружи српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој запиша уште еден трип-дабл. Во конференциското финале Нагетс го чекаат победникот од серијата помеѓу ЛА Лејкерс и Голден стејт Вориорс. Лејкерси имаат предност 3:2 во оваа серија.

Најдобар играч на Денвер, како и обично, беше Никола Јокиќ со 32 поени, 10 скока, 12 асистенции, една блокада, три украдени топки и две загубени топки.

Кај Феникс се истакна Камерон Пејн со 31 поен, Кевин Дурент додаде 23 поени и по пет скока и асистенции, а Девин Букер имаше лоша шутерска вечер, откако во претходните пет натпревари го затрупа кошот на Денвер, Букер шестиот натпревар го заврши со 12 поени.

Прикажи повеќе