Шампионот во НБА лигата Милвоки Бакс се засили на центарската позиција со Демаркус Казинс.

Искусниот кошаркар доаѓа за да помогне во обидот на Бакси да го повторат минатогодишниот успех. Минатата сезона 31-годишникот ја мина во Хјустон и ЛА Клиперс.

Ветеранот се очекува да донесе искуство во редовите на Милвоки. Казинс во својата десетгодишна НБА кариера има просек од 20,4 поени и 10,6 скока.