Додека илјадници граѓани бегаат од Украина, многу Украинци се обидуваат да се вратат од Полска во својата татковина за да се борат, додека други да се обединат со семејството. На граничниот премин во Медика, група возачи на камиони беа меѓу оние кои се вратија во Украина.

„Мораме да ја браниме нашата татковина. Кој ќе го направи тоа ако не ние. Возачи од цела Европа. Ние? Не, Русите треба да се плашат. Не се плашиме“, Украинец,

„Таму ги имам децата, не се плашам. Треба да заминеме. Ние Украинците треба да ги земеме нашите деца за да можат нашите чеда да се борат“, Украинец,

„Ќе одам во војна, ќе одам во војна. Брат ми ќе остане со мајка ми, баба а јас ќе одам во војна со татко ми“, Украинец,

„Таму го имам семејството, таму имам се. Јас сум тука сам во Полска. Зошто да бидам тука? Затоа одам, за татковината“, Украинец,

Дури и Украинците во Обединетото Кралство прават планови да се вратат дома за да земат оружје и да се борат против руската окупација. Володимир Павлук, претседател на Здружението на Украинците , рече дека многу воени ветерани кои живеат во Британија размислуваат да се вратат, а дел веќе одлучиле да го сторат тоа. /Алсат.мк

Вјолца Алити