Фудбалерот на Вест Хем и англиски репрезентативец Деклан Рајс добил дозвола од првиот човек на лондонскиот клуб за трансфер во летниот преоден рок. Вест Хем за капитенот бара обештетување од 120 милиони фунти (околу 135 милиони евра), пренесуваат британските медиуми.

„Дејли Мејл“, наведува дека Рајс е еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот. За англискиот репрезентативец се заинтересирани многу клубови од Премиер лигата, а тој моментално е најблиску до трансфер во Арсенал. Рајс (24) има договор со Вест Хем до 30 јуни следната година, а негова нескриена амбиција е што поскоро да игра во Лигата на шампионите.

Раководството на клуботсмета дека заминувањето на англискиот репрезентативец на крајот од сезоната е неизбежно, бидејќи Рајс наскоро ќе влезе во последната година од договорот. Рајс во 2017 година од Челси се пресели во Вест Хем. За „Чеканите“ одигра 239 натпревари и постигна 14 гола.

Рајс ги помина сите младински селекции на Република Ирска, а за сениорскиот тим на оваа земја одигра три натпревари. Фудбалерот на Вест Хем во 2019 година одлучи да игра за репрезентацијата на Англија, а за Гордиот Албион одигра 41 натпревар./Makfax/

Прикажи повеќе