Канадската полиција ги растера сите преостанати демонстранти кои шест дена го блокираа американскиот граничен премин поради ограничувањата воведени во земјата во борбата против ковид-19, што го попречи протокот на производи меѓу двете земји. Канадските камионџии го блокираа мостот Амбасадор, кој го поврзува канадскиот град Виндзор во провинцијата Онтарио со американскиот град Детроит, во знак на протест поради сертификатите за вакцинација. Ова ги принуди автомобилските компании привремено да ги затворат фабриките или да го намалат производството.

Канадскиот суд нареди итно деблокирање на мостот во петокот, но неколку десетици луѓе останаа на блокадите. Во полициското соопштение се наведува дека десетици луѓе се уапсени и запленети неколку возила.

Прикажи повеќе