Метеоролозите најавуваат дека високите температури допрва доаѓаат, а има бројни совети како да ги издржите „пеколните“ 38 степени. На оние кои не мораат им се советува да не излегуваат надвор. Останатите кои поради обврски мораат да ги напуштат климатизираните простории им се советува да јадат полесна храна, да носат облека што и овозможува на кожата да „дише“, а пред се да пијат доволно течности.

Ладната вода всушност ја успорува хидратацијата на телото

Кога температурата надвор е над 35 степени, обично посегнуваме по чаша ледена вода, а експертите тврдат дека тоа е голема грешка. За да не излади водата мора да биде млака, односно собна температура. Дополнително, ако испиеме чаша ледена вода кога сме прегреани, телото наеднаш се лади и тоа е добра основа за развој на бактерии.

Експертите не потсетуваат дека не треба да чекаме додека не почувствуваме жед за да испиеме чаша вода. Во текот на летото со потење се губат до три литри вода, па дехидрацијата често е причина за недостаток на концентрација, главоболки и замор.

Кафето и газираните пијалоци заменете ги со лимонада и чај

Алкохолот, сите видови кафе и газирани пијалоци поттикнуваат дополнително губење на течности. Направете сок од лимон, со малку шеќер, бидејќи лимонадата има освежувачки ефект или испијте шолја топол, домашен чај.