Додека трае судењето меѓу холивудските актери Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд во јавноста излегуваат нови детали за нивниот однос.

Многумина почнаа поради тоа да се сомневаат во вистинитоста на тврдењето на Амбер дека била физички и психички злоставувана од страна на поранешниот сопруг Деп.

Најверните обожаватели на „Пиратите од Карибите“ никогаш не се посомневаа во миленикот, а судскиот процес ги поттикна да започнат петиција со која сакаат Амбер да биде отстранета од продолжението на филмот „Аквамен“.

„Мажите се жртви на семејно насилство, баш како и жените. Тоа мора да се препознае и да се преземат мерки за славниот насилсник да не се прослави во индустријата на забава. Направете ја вистинската работа, тргнете ја Амбер Херд од Аквамен 2“, се наведува во петицијата на која досега се потпишани два милиони луѓе.

Сепак, Амбер Херд ќе глуми во филмот „Аквамен 2“ и тоа помалку од десет минути.

Ваква одлука донесоа продуцентите, објави филмската критичарка Грејс Рандолф.

За потсетување, судењето меѓу Херд и Деп влегува во четвртата недела. Актерот бара од поранешната сопруга 50 милиони долари отштета поради текстот кој таа го објави во „Вашингтон Пост“ а во кој тврди дека била злоставувана.

Амбер му возврати на Деп со против тужба во износ од 100 милиони долари, бидејќи смета дека актерот со тужбите сака да ја заплаши и замолчи што во Америка е исто така против законски.