Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов по подолг период надвор од терените поради повреда, се врати во дерсот на Шалке 04 и го одигра речиси целиот натпревар против Нирнберг.

Тимот од Гелзенкирхен пред своите гледачи славеше победа со 4:1, а третиот гол на средбата беше дело токму на нашиот Чурлинов.

21 годишниот офанзивец за разлика од претходните натпревари во дресот на Шалке кога играше како офанзивен бек, овојпат беше во нападот на тимот и успеа да помогне да се стигне до победа која го враќа Шалке на третата позиција во „Цвајте“ која носи бараж натпревар за пласман во Бундеслигата.

За нашиот репрезентативец ова беше вкупно деветти натпревар во дресот на Шалке оваа сезона, а постигнатиот гол е негов прв во дресот на тимот од Гелзенкирхен.