Убедливо мнозинство Данци, речиси 67 насто гласаа на вчерашниот референдум за приклучување кон одбранбената политика на ЕУ – покажуваат официјалните резултати. Претходно, излезните анкети, објавени веднаш по гласањето, покажаа дека околу две третини од Данците гласале за напуштање на 30-годишната политика на Данска да не се приклучува во заедничката одбранбена политика на Европската унија.

Advertisements

„Данска испрати важен сигнал до нашите сојузници во Европа и НАТО и (до претседателот Владимир) Путин. Покажуваме дека кога Путин ќе преземе слободна земја и ќе ја загрози стабилноста во Европа, ние се здружуваме“, рече данската премиерка Мета Фредериксен.

Прикажи повеќе