Шпанија одигра феноменално второ полувреме и го доби полуфиналето против Данска со 29-25 на Европското првенство за ракометари во Унгарија и Словачка. Тимот на Жорди Рибера остана во игра за да ја освои третата европска титула во низа.

Гомез беше фантастичен со единаесет погодоци, Кањељас запиша седум реализации, а осум гола за Данска постигна Хансен. Второто полуфинале ќе го одиграат Франција и Шведска.