Ракометните селекции на Данска и Франција, играа меч за третото место каде двете селкции одиграа супер интересен меч кој на крајот го добија Данците.

Натпреварот беше изедначен во целиот тек и  селекциите се менуваа во водство, а голманите Жерар и Ландин имаа блескави партии.

По 60 минути игра немаше победник, натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено 29-29, по што се премина на продолженија. Во нив Данска беше подобра и на крајот славеше со 35-32.

Холм со 10 голови беше најдобар кај Данска, Киркелоке постигна пет, Ландин мечот го заврши со дури 18 одбрани. Во составот на Франција, Жерар имаше една одбрана помалку, 17, најдобар стрелец беше Мае со осум голови, додека Деска постигна седум.