Екипата на Јувентус успеа да освои бод на гостувањето кај Аталанта. „Бјанконерите“ беа во негатива 0-1, но на крајот Данило обезбеди бод за „Старата дама“.

Натпреварот беше многу израмнет со двете екипи прикажаа убав фудбал, со брза игра, но не ги реализираа 100 % можности.

Руслан Малиновски постигна еврогол од далечина за водство на Аталанта (76 ′). Меѓутоа, кога се мислеше дека натпреварот ќе заврши со резултат 1–0, напаѓачот Паоло Дибала асистираше за Данило, кој го израмни резултатот на 1-1 (90 + 2).

Со ова реми, Јувентус е на четвртата позиција со 46 бодови, додека Аталанта една позиција подолу со 44 бодови. но со еден натпревар помалку.

Прикажи повеќе