Денеска во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 гостуваа д-р Мартин Мојсоски и Анастасија Дукоска, со кои разговаравме околу естетската корекција.

На прашање на модераторот за тоа дали во Македонија се „скршени“ табуата околу естетската корекција, Мојсоски истакна дека табуата полека се кршат, поготово кај мажите.

„Кога спомнуваме ботокс и филери мислиме на разубавување кај жените, но полека и кај мажите почнува да станува пракса за да се разубавуваат, па така го поздравувам тој гест“, вели д-р Мојсоски.