Четиринаесеткратниот победник на релито Дакар, Стефан Петерансел веќе отпадна од борбата за високи позиции.

Пилотот на Ауди доживеа незгода на првата етапа и го оштети автомобилот, поради што загуби 6 часа и 20 минути. По 40 километри, екипата заостана уште половина час и решила да ја напушти етапата. Во генералниот пласман на релито Петерансел се наоѓа на 69. место и заостанува повеќе од 23 часа зад лидерот.

Уште еден голем фаворит за највисок пласман има проблеми на годинашното издание на најголемот рели во светот. Карлос Сајнц постариот, кој исто така управуваше со Ауди, изгуби повеќе од два часа во првата етапа поради проблеми со навигацијата.