Од Киев се јави репортерката на телевизијата N1, Ана Млинариќ и ја опиша ситуацијата во тој град по почетокот на руската инвазија.

Млинариќ изјави дека на излезот од Киев се уште има големи гужви бидејќи граѓаните си заминуваат, но и дека има гужви низ целиот град. Како што известуваа таа, најголемите турканици се во банките, аптеките и супермаркетите.

„Утринава рано, училиштата испратија информација до родителите дека наставата е откажана до понатамошно известување. Има бројни гужви и на улиците и во продавниците за храна. Најлошиот кошмар на Украинците сега стана реалност“, нагласува репортерката од теренот.

Прикажи повеќе