Важноста на потврдата за прележан ковид-19 се намалува од шест на три месеци, соопшти Министерството за здравство на Грција, постапувајќи по препорака на надлежната комисија на епидемиолози.

Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале ковид-19 во изминатите 90 дена, а не како што беше до сега со важност до 180 денови.

Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.

Министерот за здравство Танос Плеврис соопшти дека потврдата за прележан ковид-19 ќе се издава само со направен ПЦР тест, а не со рапид тест како што беше пракса досега.

Прикажи повеќе