Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, му понуди на фудбалскиот свет уште едно големо изненадување, менувајќи ги клупските бои кога ретко кој очекуваше. По седум успешни години во Џенова, Пандев е претставен како нов играч на Парма.

Видеолотарија Касинос Австрија ги споделува првите впечатоци и емоции на своето заштитно лице од новата средина и од новиот клуб, неговиот став на тема завршување на кариерата, во овие нови околности, како и ексклузивни фотографии од Пандев во дресот на Парма.