Со овие неколку трикови можете да ја зачувате батеријата на вашиот мобилен телефон.

Мобилните телефони станаа потреба, не можеме да замислиме ниту еден ден без нив. Употребата на мобилни телефони стана наше секојдневие, но при користење се зголемува бројот на пречки и оштетувања на мобилниот телефон. Неопходно е правилно одржување за подолг работен век на мобилниот телефон. Една од најважните работи е да знаете како правилно да ја наполните, но и какви грешки да избегнувате, пренесува Вечерњи лист.

Ова се најчестите грешки кои луѓето ги прават со мобилните телефони и со тоа им го скратуваат животот:

Оставање на полначот во штекерот

Полначот оставен во штекерот не само што доведува до повисоки сметки за струја, туку е и многу опасен. Трансформаторот ослободува топлина и акумулацијата на топлина може да доведе до пожар или краток спој во трансформаторот што може да предизвика пожар.

Празнење на батеријата до крај и полнење до 100 проценти

Батериите на мобилните телефони се направени од литиум и работат во циклуси на полнење. Ако ја оставите батеријата бавно да се троши до крај, полека го уништувате вашиот уред. Исто така, не треба да се полни до 100 проценти, ниту пак да го оставате телефонот на полнач подолго од тоа. Полнењето до крај всушност го скратува животниот век поради одреден број циклуси на полнење. Дополнително, оставањето на мобилниот телефон на полначот преку ноќ доведува до повисока сметка за струја, нарушувајќи го циклусот на полнење и прегревање на уредот.

Користење на мобилен телефон додека се полни

Празнењето на батеријата додека се полни, става голем стрес врз батеријата. Ако треба да направите нешто на вашиот мобилен телефон, отстранете го од полначот и кога ќе завршите, вратете го на полначот.

Како заклучок: Главното правило е целосно да го полните мобилниот телефон еднаш месечно, а батеријата да се полни помеѓу 20 и 80 проценти на дневна основа.