Кошаркарите на Гостивар остварија убедлив триумф од 106-85 против тимот на МЗТ Скопје 2. Домаќините победата ја најавија уште од самиот старт, па не дозволија никакво изненадување и запишаа уште една победа во низа во рамки на првата македонска кошаркарска лига.

Виктор Ефремовски  го одигра еден од најефикасните натпревари по трансферот во Гостивар. Репрезентативецот постигна 26 поени и зад своето име додаде четири скока и една асистенција. Кај МЗТ Скопје 2, Петровски заврши со 25, а Ренсом со 21 поен.

Гостивар во новата сезона по 14 кола има скор 9-5 и се наоѓа на третото место, додека МЗТ Скопје УБ е единаесетти со две победи и 12 порази.

foto: gol.mk