Според најавата на Андриј Шевченко, но и според медиумите во Италија, Горан Пандев денеска ќе биде во почетниот тим на Џенова на гостувањето кај Лацио.

Натпреварот е од 18 коло во Серија А.

Џенова посакува прекин на низата порази и само втора овосезонска победа против Лацио кој игра во променлива форма, на последните пет меча има само еден триумф и едно реми.