Реномираниот спортски портал „Гол“ го објави денеска изборот на најдобрите 11 фудбалери за 2021 година, во кој на се најдоа Португалецот, Кристијано Роналдо и Аргентинецот, Лионел Меси.

Најдобар голман во изборот на „Гол“ е Тибо Куртоа (Реал Мадрид), а одбраната ја сочинуваат Трент Александер -Арнолд (Ливерпул), Рубен Дијаз (Манчестер сити), Ник Шолтенберк (Фрајбург) и Жоао Кансело (Манчестер сити).

Во средниот ред се Аурелиен Чиамени (Монако), Марсело Брозовиќ (Интер), Мохамед Салах (Ливерул) и Килијан Мбапе (ПСЖ).

Во нападот во избор на „Гол“ се Роберт Левандовски (Баерн Минхен) и Карим Бензема (Реал Мадрид). (МИА)