Тренерот на ЛА Клиперс Тајрон Лу објави дека првата ѕвезда на клубот, Кавај Ленард веројатно ќе ја пропушти целата сезона.

Ленард не играше од плејофот на минатата сезона во кој пропушти 8 натпревари за тимот од Лос Анџелес, а се уште не одигра ниту еден меч и во тековната.

„Според информациите од медицинскиот тим за жал веројатно ќе играме цела сезона без Кавај“, објави тренерот на Клиперс.

Ленард веднаш по завршувањето на ланската сезона потпиша нов договор на четири години вреден 176,3 милиони долари, но речиси сигурно нема да игра до крајот на овој циклус на натпревари во НБА.

Со него моментно надвор од строј е и втората голема ѕвезда на тимот, Пол Џорџ, кој исто така е повреден.