Конзумирањето на шеќер е поврзано со бројни здравствени тегоби, но многумина се уште не сфаќаат колку шеќерот може да биде штетен.

Мигрените и главоболките може да бидат предизвикани од дехидратација, недостаток на магнезиум и стрес и може да настанат од прекумерно јадење шеќер. Со прекумерно внесување шеќер во организмот, расте и шеќерот во крвта кој предизвикува главоболки, главно после јадење.

Мигрените се многу чести и кај лицата кои имаат дијабетес.

Затоа е важно да се балансира шеќерот во крвта.

1.Јадете  помалку благо

2. Јадете овошје место десерт

3. Конзумирајте храна која содржи растителни влакна секој ден

4. Јадете здрава ужинка место благо

5. Јадете протеини

6. Зачинете ги оброците со цимет бидејќи тој го балансирра нивото на шеќерот во крвта

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.