Живот на тројца станари во американскиот град Сиракјус изгледа дека биле спасени од мачка, бидејќи ги разбудила откако избувнал пожар.

Пожарот избувнал во саботата наутро по локално време, на првиот кат од зградата, а според зборовите на пожарникарите, мачка ги разбудила станарите.

Тие потоа биле евакуирани.

Пожарот бил изгаснат за околу 20 минути по пристигнување на противпожарните екипи.

Двата ката биле евакуирани, иако пожарот бил проширен само на првиот кат од зградата.