Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека пред одржувањето на состанокот на Европскиот совет идниот месец ќе отпатува на Западен Балкан за да ја пренесе пораката оти иднината на регионот е во Европската Унија, јави Ројтерс.

Шолц пред пратениците во Бундестагот потсети оти шесте земји од Западен Балкан – Црна Гора, Србија, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово – имаат аспирации за членство во ЕУ и се вклучени во долгогодишниот реформски процес.

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во наши стратегиски интереси“, рече тој укажувајќи на влијанието на надворешните сили во регионот, вклучително и Русија.

Прикажи повеќе