Германскиот канцелар Олаф Шолц им го зададе првиот вистински удар на Русија и Владимир Путин, откажувајќи го продолжувањето на балтичкиот проект Северен тек 2, кој се очекуваше да носи гас директно од Русија до Германија.

Работи на гасоводот беа завршени во септември 2021 година, но тој сè уште не е пуштен во употреба.

По повикот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, проектот е во застој и се чини дека нема олеснување без повлекување од страна на Путин.

Претходно истиот ден, Зеленски јасно го истакна своето барање до западниот свет и до големите европски сили, особено до Германија: Стоп за гасоводот „Северен тек 2“.

Гасоводот преку Балтичкото Море, создава коридор директно од Русија до Германија, избегнувајќи ја   Украина.

„Русија треба да биде казнета поради признавањето на двата сепаратистички региони во Украина“, рече Зеленски на конференција. „Потребни се итни санкции, вклучително и целосна забрана на Северен тек 2.

Од друга страна, иронично, токму рускиот претседател Владимир Путин возврати од далечина за барањето на Зеленски.

На конференцијата со извозниците на гас, рускиот претседател ја истакна важноста на проектот.

„Убедени сме дека е во интерес на светската заедница енергетската транзиција да не се претвори во средство за унапредување на индивидуалните интереси на одредени актери. „Затоа не треба да се случуваат санкции и други принуди“.

Вака мисли Путин за ова прашање, еден ден откако испрати таканаречени мировни сили во сепаратистичките региони Доњецк и Луганск.