Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 18 часот против Црна Гора го игра клучниот натпревар за одржување на шансите за пласман во следната фаза од Европското првенство.

Поразот од Словенија треба да биде заборавен и тимот целосно да се фокусира на денешниот меч во кој ни е потребна победа.

“По загубен натпревар нормално е да има разочарување. Мислам дека треба да извлечеме позитивна поука од мечот против Словенија затоа што одигравме добар натпревар. Нема многу време до мечот со Црна Гора, но за сите е исто. Колку што можеме ќе ги анализираме денеска ќе имаме и тренинг. Не се сомневам дека добро ќе се подготвиме за тој натпревар кој исто така ќе биде многу тежок како тој против Словенија. Имаат многу проблеми со позитивни случаи, но нормално е дека повеќе ни одговара нивната игра од таа на Словенија. Имаме многу победи со нив во минатото и се надевам дека така ќе биде и денеска”, изјави еден од најискусните во нашиот тим, Гоце Георгиевски.