Пеп Гвардиола со Манчестер Cити дојде до трето полуфинале по ред, а таму во нова епска пресметка ги чека најтрофениот Реал Мадрид, кој лани ги елиминира „граѓаните“ со чудесен пресврт во оваа фаза за на крај да дојде до 14-та европска титула.

Advertisements

Сити го помина Баерн Минхен со вкупни 4-1, па Пеп Гвардиола порача дека секој што е желен да ги грабне „големите уши“ во некоја фаза ќе мора да го помине Реал Мадрид.

„Ова е чувство, ама и реалност. Секој што сака да ја освои европската титула прво мора да го мине Реал Мадрид. Ако сакате да бидете европски првак треба да го победите Реал. Порано беше Барса, сега е Реал. Секако дека сум задоволен за три полуфиналиња по ред, сега имаме поголемо искуство, фудбалерите чувствуваат дека можат и сакаат да го направат најдоброто“, рече Гвардиола./Sport1.mk/

Прикажи повеќе